КЛ: Зрињски со одличен резултат во Мостар ќе патува на реваншот во Англија (ВИДЕО)

Зрињски успеа да го изненади големиот фаворит Кристал Палас и со одличен резултат 1-1 од Мостар ќе патува на реваншот од плеј-офот во Конференциската лига.

Домашните фудбалери до ремито дојдоа со голот на Абрамовиќ во 55. минута, откако Кристал Палас поведе со голот на Сар во 44. минута.

Во останатите три натпревари од 1/16-финалето, фински КуПс загуби од полски Лех со 0-2, ерменска Ноа го победи дома Аз Алкмар со 1-0, а Сигма Оломуц ремизираше (1-1) со Лозана.

Се вчитува...