Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски, според многумина еден од најнадежните млади ракометари во Македонија, следните четири години ќе биде дел од новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7.
18-годишниот Ѓорговски е кадетски репрезентативец на Македонија, кој своите почетоци ги имаше во школата на професорот Јаковче Матлиески, а од 2016 година е во КЛ7 Струга каде ги мина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска категорија.
Ѓорговски како дете кое својот развој го имаше во КЛ7 Струга минатата натпреварувачка сезона 2018/19 учествуваше на три завршни турнири стигнувајќи и до шампионската титула во кадетска конкуренција. Оваа година ќе дебитира во Суперлигата бранејќи ги боите на КЛ7. Неговите години дозволуваат да настапува и за кадетската и за младинска екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА