ЦСКА Москва стигна до седмата победа во Евролигата откако славеше на домашен терен против Баерн Минхен со 77-74 во неизвесен натпревар благодарение на Вил Клајбурн кој постигна девет последователни поени во завршните минути.
Баерн Минхен подобро го започна натпреварот и веќе по 10. минути игра стигна до предност од 18-24, а баварците истата ја зголемија на 32-41 до полувремето. Московјани не се предадоа, напротив одиграа одлично во одбраната во третата четвртина во која дозволија 16 поени на гостинот и ја намалија негативата на само еден поен (56-57) на влезот на одлучувачките десет минути.
Во нив продолжи изедначениот натпревар со голем број на грешки на двете страни од паркетот. Русите „продаваа“ топки во нападот, Германците промашуваа зицери па мечот беше одлучен во последните секунди. Херојот на московскиот тим беше Вил Клајбург кој ги постигна последните девет поени за својот тим.
Убедливо најрасположен на средбата беше бекот на гостите Дарун Хилиард со 28 поени и 5 скока, а лидер на домаќините со 17 поени и 5 скока беше Вил Клајбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА