Клајбурн го „урна“ Партизан сред Белград

Кошаркарите на Партизан во неверојатен трилер меч на домашен терен загубија од италијанска Болоња со 69-70 во премиерниот меч од петото коло од новата сезона во Евролигата.

Домаќините подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа предност од 20-15. Оваа предност избраниците на Жељко Обрадовиќ успеаја да ја задржат до крајот на првиот дел, па на пауза заминаа со позитива од 37-32.

Во третата четвртина Болоња успеа да намали само еден поен од негативата 61-57, а потоа следуваше неверојатно тесната завршница. Партизан во последниот период успеа да постигне само осум поени, а Вил Клајбург со поени на 12 секунди до крајот на мечот донесе победа за гостите од 69-70.

Токму Клајбурн со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тајрик Џоунс постигна 20 поени.

Се вчитува...