Клајверт е бесен на Ајакс, сака да си замине од Амстердам

За Џастин Клајверт веќе нема иднина во Ајакс откако 19-годишниот офанзивец објави дека нема намера да потпише нов договор со холандскиот гигант. Тој имаше одлична сезона во дресот на „црвено-белите“ од Амстердам, во меѓувреме доби понуди од неколку европски гиганти, а Ајакс реши да му понуди нов договор. Сепак, 19-годишниот Клајверт е решен да не се обврзува на долгорочна верност кон Ајакс.

Имав состанок и накратко ми рекоа – да потпишам или да си заминам. Зборував кратко со директорот Марк Овермарс и почувствував голем притисок. Најважно за Ајакс беше само да потпишам, не зборувавме ниту за фудбал ниту за пари. Бев подготвен да потпишам, но сега веќе не сум сигурен. Сакам да играм со најдобрите, ми се укажува можност за такво нешто и не сакам потоа да бидам спречен затоа што имам долгорочен договор со Ајакс“ – изјави Џастин Клајверт.

Жозе Мурињо сака да го доведе овој суперталентиран тинејџер во Манчестер јунајтед, сериозен интерес покажува и Ливерпул, а се најавуваат и понуди на Баерн Минхен, Милан и Јувентус.

Се вчитува...