Брентфорд го совлада тимот на Лестер со убедливи 4-1, само еден ден откако холандскиот стучњак Руд ван Нистелрој го презеде кормилото на „лисиците“, но тој не ја водеше екипата на денешниот меч. Домашните му покажаа на Холанѓанецот што го чека на клупата на Лестер, кој петти натпревар по ред останува без победа.
Шаде беше херој на тимот, кој постигна три гола. Сепак, одлично почна мечот за Лестер, кој со голот на Буонаноте поведе во 21. минута Виса во 25 минута израмни, а потоа Шаде во 29. минута зголеми на 2-0.
Истиот фудбалер во финишот на првиот дел донесе 3-1, а на стартот од вториот дел и 4-1.
Њукасл имаше победа во џеб на гостувањето кај Кристал Палас. Водеа гостите со автоголот на Гуехи, а Муноз во 94 минута донесе еден бод за Палас.
Нотннгем Форест со 1-0 го совлада тимот на Ипсвич со голот на Вуд.
Џастин Клајверт погоди три пенали за Борнмут на средбата со Вулферхемптон, и ја донесе победата од 2-4. Клајверт во 3. минута стрелаше од белата точка, а потоа Ларсен израмни во петата. Во осмата Керкез за ново водство на гостите, а Клајверт вториот пенал го погоди во 18. минута.
Ларсен одново ја врати неизвесноста, а Клајверт во 74. минута со трет гол од белата точка ја потврди победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА