Кларенс Сидорф ја промени верата – „Среќен сум што ќе им се придружам на сите браќа и сестри во светот“

Кларенс Сидорф го прифати исламот. Поранешниот играч од средниот ред на инстаграм објави дека е среќен и воодушевен што им се придружува на „сите браќа и сестри во светот“.

Тој особено се заблагодарува на неговата сопруга Софија Макрамати. Сидорф наведува дека таа му го објаснила подлабокото значење на исламот. Поранешниот холнадски ас исто така известува дека и покрај преобраќањето, тој не го менува своето име.

„Ќе продолжам да го носам името што ми го дадоа моите родители: Кларенс Сидорф“, изјави Сидорф. 

Сидорф во последните неколку недели беше ставен како можен наследник на Марк Овермарс како директор за фудбалски работи во Ајакс. Според холандските медиуми, четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите е отворен за соработка са тимот од Амстердам.

Се вчитува...