Класата е вечна: Арнаутовиќ со бомба ја скина мрежата на Лацио (ВИДЕО)

Екипата на Интер има предност во 1/4 финалниот натпревар од Купот на Италија против Лацио. Водството е од 39. минута кога Интер погоди преку Арнаутовиќ.

Австриецот уште еднаш ја покажа својата класа, и со вистинска „бомба“ успеа да донесе предност за „нероазурите“ коа е актуелно на полувремето.

Откако по изведен корнер, топката се одби до него, а Арнаутовиќ од 20 метри со волеј успеа да ја скине мрежата на гостите од Рим.

 

Се вчитува...