Џермејн Дефо и на залезот на својата фантастична кариера е вистинска напаст за противничките дефанзивци. Тоа на своја кожа го почувствуваа фудбалерите на Ливингстон, откако 38-годишниот Дефо токму против овој клуб го постигна својот 300. гол на клупско ниво во кариерата.
Денешната мајсторија беше вкупно 27. погодок за англискиот ветеран во дресот на Глазгов Ренџерс, кој ги тресеше противничките мрежи и како член на Тотенхем, Вест Хем, Сандерленд, Борнмут, Портмсут и Торонто.
Глазгов Ренџерс славеше над Ливингстон со 2-0, по што тимот предводен од Стивен Џерард сега има шест бода предност (и натпревар повеќе) во однос на лутиот ривал Селтик.
⚽️ RANGERS 2 – 0 Livingston
??♂️Jermain Defoe
⌚️ 16′ pic.twitter.com/ChW3rRj0xw— Rangers Goals (@RangersGoaIs) October 25, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА