Класата е вечна: Еврогол за паметење на Иван Ракитиќ (видео)

Кадиз и Севилја ремизираа 2-2 во меч во кој домаќините имаа водство од 2-0, но гостите од Андалузија успеаја да се вратат и да стигнат до бод. Најзаслужен за тоа е Иван Ракитиќ, хрватскиот ветеран кој со неверојатен погодок го спаси својот тим од пораз.

Серхио Рамос успеа да постигне гол непосредно по вториот погодок на Кадиз, но тој гол на дефанзивецот беше поништен поради офсајд на еден од неговите соиграчи пред противничкиот голман.

Окампос стрелаше прецизно и намали на 2-1, а во вториот дел блесна Иван Ракитиќ, кој испрати прецизен удар, топката имаше неверојатно ефе и заврши во горниот агол од голот на Кадиз.

Најубавиот момент на мечот, ремек-делото на Иван Ракитиќ, можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...