Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го совлада Рафаел Надал во тениското „Ел Класико“ што се одигра во финалето на Мастерсот во Мајами. Федерер беше убедливо подобар и славеше со 2-0 во сетови. По 13 години од нивниот прв дуел во Мајами, двацата тениски великани имаа нов двобој, а Федерер покажа дека во моментот се наоѓа во одлична форма.
Швајцарецот го доби првиот сет со 6-3 во гемови, а со сигурна игра продолжи и во вториот, не дозволувајќи му на Надал ниту еднаш да го загрози неговиот сервис. Шпанецот потклекна во деветтиот гем од вториот сет, Федерер направи брејк, а потоа и го потврди со одличен сервис, за триумф од 6-3, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА