Класата е вечна: Кристијано Роналдо со супер-гол и на дербито со Ал Хилал

Кристијано Роналдо продолжи со неверојатната голгетерска форма и на големото дерби меѓу Ал Хилал и Ал Наср, на кое токму Португалецот стрелаше прецизно за водство на гостите од 0-2.

Садио Мане истрча одлично, влезе по левата страна, екс-фудбалерот на Ливерпул не асистираше како што посакуваше, но топката стигна до Роналдо, кој во манир на голем стрелец ја смести во мрежата на домашниот голман.

Со тоа, Кристијано стигна до фантастичната бројка од 930 гола во кариерата, воедно по 15. пат во кариерата Португалецот има најмалку 20 гола во една лигашка сезона на клупски план.

Се вчитува...