КЛАСАТА Е ВЕЧНА: Модриќ доби овации од цел „Сантијаго Бернабеу“ по ремек-делото против Џирона (ВИДЕО)

Реал Мадрид има предност од 1-0 на полувремето против Џирона во 25. коло од Ла Лига.

А, сето тоа благодарение на капитенот Лука Модриќ кој уште еднаш потврди дека неговата класа е вечна.

И на 39 години игра на врвно ниво во кралскиот клуб, овој пат постигнувајќи феноменален погодок во 41. минута со мајсторски шут од 20 метри. Сето тоа за овации и од соиграчите, но и од целиот „Сантијаго Бернабеу“ кој и тоа како знаеше да го поздрави ремек-делото на хрватскиот репрезентативец.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е на клупата за резерви кај Џирона, очекувајќи шанса во второто полувреме да донесе свежина во својот тим за евентуален позитивен резултат против големиот фаворит.

Се вчитува...