Невен Суботиќ беше еден од главните виновници што Борусија Дортмунд не славеше на денешниот дуел со Келн, откако искусниот дефанзивец одлично раководеше со одбраната на „овните“.
Навивачите и поранешните соиграчи сепак не го заборавија придонесот што Суботиќ го имаше во претходните сезони како член на овој клуб, па по последниот свиреж на судијата тој се поклони пред „жолтиот ѕид“ и беше гласно поздравен како од фановите, така и од фудбалерите на Борусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА