Класниќ: Бубрегот има рок на траење, никој од семејството повеќе не може да ми помогне!

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ се наоѓа среде судски спор по тужбата против поранешниот свој доктор од Вердер поради неправилен третман на болеста со бубрезите за време на престојот во овој германски клуб.

Класниќ минатата година ја имаше третата трансплантација на бубрег, но и покрај тоа неговата иднина се уште е неизвесна.

„Не знам колку ќе издржи овој бубрег. Тоа само Господ знае. Никој од семејството повеќе не може да ми помогне“ – вели Класниќ.

А, Хрватот веќе има првостепенска пресуда за случајот против докоторот Гоц Димански и приправникот Ман Гуха кои мора да му платат 100.000 евра отштета, притоа одговорни се и за секоја „материјална и нематеријална штета“.

При досегашните трансплантации, првиот бубрег кој го доби Иван беше од неговата мајка. Но, телото го отфрли после само неколку денови. Вториот бубрег беше од неговиот татко и издржа десет години, до 2017 година. Минатата година прими бубрег од донатор со кого не е во крвно сродство и никој не знае до кога тој ќе издржи. А, за жал веќе никој од семејството не може да му помогне!

 

 

 

Се вчитува...