Здравствената состојба на Иван Класниќ осетно се подобри по третата трансплантација на бубрег што му беше извршена на поранешниот хрватски репрезентативец.
Негвите проблеми со бубрезите се појавија во 2007 година, најпрвин му беше пресаден орган од мајка му, но телото не го прифати и мораше да биде отстранет само неколку седмици подоцна. Следеше нова трансплантација, овојпат на бубрег од неговиот татко, кој издржа десет години. Проблемот беше што по првите две транстплантации од членови на семејството во организмот на екс-фудбалерот биле создадени анти-тела, па веќе ниту еден негов роднина не можеше да му помогне.
„Тешко е да се минува низ сето тоа по третпат. Искрено се плашев дека повторно нема да успее, но засега изгледа дека се е во ред. Конечно ќе можам нормално да живеам. Наскоро ќе можам повторно да пијам водам, да не морам да ја мерам во милилитри. Почетокот ќе биде тежок, морам да носам маска за дишење и не смеам многу да се движам. Но, наскоро ќе можам… повеќе од претходно“ – оптимист е Иван Класниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА