Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург ги избра петте најиритирачки фудбалери на кои им судел во кариерата. Клатенбург во 17 години долгата кариера им судел на многу фудбалери, а во интервју за „Сан“ откри со кои му било најтешко да се справи. Победникот е Крег Белами, а во топ 5 уште се и Јенс Леман, Рио Фердинанд, Пепе и Рој Кин.
„Белами беше убедливо најлошиот и тоа го мислев со години. Тој беше најиритирачкиот фудбалер на теренот, но и надвор од него. Беше неверојатно непристоен и не му беше важно што ќе му кажете. Вистина, направив неколку грешки на негова штета, но тоа што тој ми го говореше беше неприфатливо. Навистина беше карактер со кој не се сложував“, изјави Клатенбург.
Ex-Premier League ref Mark Clattenburg names five worst players he dealt with https://t.co/tBqXsJPo9v
— fred (@DfrePaps) August 5, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА