Клаудио Раниери – нов тренер на Стефан Ристовски?

Клаудио Раниери е на добар пат да му стане нов тренер на нашиот Стефан Ристовски во тимот на Спортинг Лисабон, по позитивните разговори што италијанскиот стратег ги водел со претседателот на португалскиот клуб, Бруно де Карвалјо.

Контроверзниот претседател веќе извесно време води војна со актуелниот тренер Жорге Жесус, кој сигурно ќе биде отпуштен во текот на летово. Жесус го обвини Де Карвалјо дека е нарачатен на големиот инцидент кога беа нападнати фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Спортинг, па сега првиот човек на клубот од Лисабон е подготвен да го исплати до крај трофејниот стратег, плаќајќи му дури 7,5 милиони евра само за да не го гледа повеќе во својот клуб.

Португалските медиуми јавуваат дека Раниери е сериозно заинтересиран за работа во Спортинг, откако остана без ангажман по заминувањето од кормилото на Нант. Тој ќе има проблем да убеди дел од фудбалерите да останат во Лисабон по нападот врз нив пред десетина дена, но се очеекува меѓу оние кои нема да ги променат клупските бои да биде и Ристовски, кој во вториот дел од сезонава имаше значителна минутажа.

Се вчитува...