Откако успеа да го спаси Калјари од испаѓање, Клаудио Раниери објави дека ќе замине во пензија. Ја завршува кариерата како тренер на Калјари, каде што ја почна својата професионална тренерска кариера, и на најдобар можен начин – оставајќи го тимот во Серија „А“.
72-годишниот Раниери има богата тренерска кариера, работејќи од 1986-та година. Покрај Каљари, ги водеше и Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Валенсија, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Лестер, Нант, Фулам, Рома, Сампдорија, Ватфорд и сега Каљари.
Најголемиот успех го постигна со Лестер, откако му ја донесе на тимот историската прва титула во сезоната 2015-16. Освои Куп со Валенсија, и УЕФА Супер-Куп со истиот тим. Го подигна трофејот во Купот на Италија со Фиорентина во 1996 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

