Клаван со гол во 94. минута ја продолжи новогодишната забава на Ливерпул, Лестер рутински против „териерите“

Ливерпул ја стартуваше новата година со драматична победа од 2-1 на гостувањето во Барнли, откако фудбалерот на гостите Рагнар Клаван постигна гол во последната минута од средбата. Домаќините претходно изедначија во 87. минута преку Јохан Гудмунсон, додека со голот на Садио Мане во 61. минута од натпреварот „црвените“ стигнаа до првото водство. Со тримфот Ливерпул ја продолжи низата од 13 натпревари без пораз во Премиер – лигата.

http://www.dailymotion.com/video/x6ci59ehttp://www.dailymotion.com/video/x6ci5s4http://www.dailymotion.com/video/x6ci5yf

Лестер пред своја публика славеше рутинска победа од 3-0 над новајлиите Хадерсфилд, со головите на алжирското дуо Марез и Слимани. Најдобриот играч на првенството од 2016 година, Ријад Марез донесе водство на „лисиците“ во 53. минута, а по само седум минути асистираше до својот сонародник Слимани за вториот гол на средбата. Марк Олбрајтон ги постави конечните 3-0 пред самиот крај на мечот.

http://www.dailymotion.com/video/x6ci4pfhttp://www.dailymotion.com/video/x6ci4wthttp://www.dailymotion.com/video/x6ci5xm

Со голот на Ајозе Перез, Њукасл ја оствари  шестата победа во Премиер – лигата, овој пат тимот на Рафа Бенитез славеше над Стоук со минимални 1-0.

http://www.dailymotion.com/video/x6ci5gr

Се вчитува...