Клеј Томпсон наскоро би можел да ги напушти Далас Маверикс, пишуваат американските медиуми. Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува новиот менаџмент на Далас Маверикс да го истражи пазарот во врска со потенцијална размена на Клеј Томпсон.
Желбата на Томпсон е да игра за кандидат за титулата, велат извори од лигата, но 17 милиони долари што треба да се платат следната сезона би можеле да го отежнат неговиот трансфер.
Затоа американските медиуми наведуваат дека тој лесно би можел да се најде на списокот на играчи што Голден Стејт Вориорс ги сакаат за да го засилат сегашниот тим, а веројатно Клеј нема да има ништо против повторно да игра со својот „брат“ Стеф Кари.
Клеј не е единствениот на списокот за заминување. Далас ќе го тестира и пазарот за ДеАнџело Расел, кого тренерот Џејсон Кид не го сака, но и Даниел Гафорд и Ентони Дејвис во случај на добра понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

