Клермон го „сопна“ Лион и самиот влезе во игра за излез во Европа

Клермон влезе во трка за место кое води во европските натпреварувања следната сезона откако слаеше со 2-1 против Лион во 35. коло од француското првенство.

До победа домаќините стигнаа со целосен пресврт откако имаа негатива од 0-1 во 22. минута по голот на Лаказет. Во 25. минута Гјеи изедначи на 1-1 од белата точка, а истиот фудбалер ја затресе мрежата и во 65. минута за водство на својот тим. Лаказет имаше шанса да донесе изедначување, но промаши пенал во 96. минута.

Со тритте бода Клермон сега е три бода зад Лион на три кола пред крајот на првенството.

Се вчитува...