Тајсон Фјури во ноември 2015 година по цела деценија владеење ја заврши кариерата на Владимир Кличко. Со победата тој на Украинецот му ги одзема појасите за светски шампион во тешка категорија, по ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.
Сепак, пет години подоцна појасите на Кличко ќе бидат вратени. ВБА, ВБО и ИБФ федерациите одлучија да му оддадат чест и да му ги вратат појасите кои му беа одземени. Тие на 1. јуни ќе бидат изложени во музејот посветен на легендарниот Украинец, со што ќе почне прославата на шестгодишнината од отворање на музејот.
За потсетување Кличко кариерата ја заврши во 2011 година откако беше поразен од Ентони Џошуа со нок-аут во 11. рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА