Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко, ја одреди цената која би го вратила во рингот. Украинецот се пензионираше во 2017 година по поразот од Ентони Џошуа, но во 43-та година од животот може да се врати на сцената. Неговиот брат Виталиј, вели дека само убава финансиска понуда, може да го врати неговиот брат во рингот.
„Кога на вестите видов дека му се понудени 35 милиони евра за да се врати, му ѕвонев на телефон да го прашам за што се работи, а тој ми кажа дека таа понуда не го интересира. Набрзо стигна понуда од 71 милион евра, но повторно кажа дека не е задоволен. Владимир ќе почне да размислува на враќање во боксот, само ако некој му понуди 90 милиони евра“, изјави Виталиј Кличко.
По освојувањето на злато на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, Кличко влезе во професионалниот бокс, а во текот на кариерата која траеше две децении, тој забележа 64 победи од кои 63 со нокаут, во вкупно 69 борби. Два пати беше светски шампион во тешка категорија, вклучувајќи ги титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА