Клинсман не најде решение за „милионерите“, Лајпциг продолжи со победите

Ниту новиот тренер Јирген Клинсман, поранешниот германски селектор, не успеа да најде решение за излез од кризата. Тимот од Берлин загуби на домашен терен со 1-2 од Борусија Дортмунд. Џејдон Санчо и Торган Азар во раната фаза постигнаа два гола за „милионерите“, а Владимир Дарида во 34.минута беше стрелец на единствениот гол за Херта.

Борусија Дортмунд успеа да освои три бода иако играше со играч помалку од 45.минута поради исклучувањето на Матс Хумелс.

Лајпциг тргна фуриозно на гостувањето кај Падерборн со головите на Шик, Сабицер и на Вернер. Домаќинот преку Мамба и Ѓасула на крајот стигна до минимален пораз од 2-3. Лајпциг е на врвот со 27 бода.

Келн и Аугсбург одиграа 1-1, а со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Хофенхајм и Фортуна Диселдорф.

Се вчитува...