Клинсман си најде богата „тезга“ во Јужна Америка

Јирген Клинсман конечно си најде нов тренерски ангажман откако поранешниот германски голгетер денеска и официјално беше промовиран во нов селектор на Еквадор. Клинсман, кој до 2016 година беше селектор на САД, ја прифати понудата на Еквадорците, кои решија да му дадат богатство од 4,5 милиони евра годишно до 2022 година за да го убедат да застане на кормилото на оваа селекција.

Тој ќе дебитира на клупата на Еквадор во ноември, кога оваа селекција ќе се сретне со Колумбија.

Јирген Клинсман беше селектор на Германија во периодот од 2004 до 2006 година, заминувајќи си од функцијата по освоеното трето место на СП што се одржа токму во оваа земја. Подоцна тој имаше и краток ангажман како тренер на Баерн Минхен, каде исто така не се прослави премногу.

Се вчитува...