„Клиперс“ се кралеви на ЛА, нов трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс славеа во дербито на ЛА против Лејкерс со 115-133. Пол Џорџ со 27 поени и Кавај Ленард со 25 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволна беше повторно неверојатната партија на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 46 поени.

Никола Јокиќ се врати на одличен начин по повредата со трипл-дабл учинок (25 поени, 11 скока и 10 асистенции) во победата на неговиот Денвер Нагетс над Њу Орлеанс Пеликанс од 98-99. Кај поразените 20 поени уфрли Си-Џеј Мекалум.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Чикаго 116-110, Мајами – Бостон 98-95, Њујорк – Кливленд 105-103, Далас – Вашингтон 126-127 и Феникс – Шарлот 128-97.

Се вчитува...