Лос Анџелес Клиперс ги победија Денвер Нагетс со 117-83 изминатава ноќ во плејофот од НБА лигата. Третиот натпревар од плејоф серијата од првото коло меѓу ЛА Клиперс и Денвер Нагетс им припадна на момците од Калифорнија кои го уништија противникот со 34 поени разлика!
Никола Јокиќ повторно имаше „трипл-дабл“ со 23 поени, 13 скока и 13 асистенции, а Џамал Мареј исто така имаше 23 поени, додека само Арон Гордон беше двоцифрен со 15 поени и 7 скока.
Што се однесува до Клиперси, ги предводеше одличниот Кавај Леонард со 21 поен, 11 скока и 6 асистенции, Џејмс Харден имаше 20 поени, 6 скока и 9 асистенции, а Норман Пауел додаде 20 поени, додека Ивица Зубац имаше 19 и 9 скока, Николас Батум имаше 12, а Дерик Џонс имаше 10.
Нагетсите немаа добра шутерска вечер и имаа само 26,9 проценти за тројки (7/26), додека имаа 24/51 за 2 поени и 14/20 од линијата за слободни фрлања, а за 48 минути кошарка дадоа само 38 поени од рекетот.
Кошаркарите на Оклахома, пак, поведоа со 3-0 против Мемфис, откако на гостински терен победија со 114-108.
Во текот на втората четвртина, Мемфис водеше со 29 поени разлика (69-40), но Оклахома започна пресврт кон крајот на третата четвртина, и влезе во последната четвртина со минус осум, а подоцна дојде до целосен пресврт.
Во одлучувачките 12 минути, Оклахома ја презеде контролата и на крајот славеше со шест разлика (114-108).
Но, Мемфис ќе жали поради повредата на Џа Морант, кој се повреди на три минути пред крајот на првото полувреме.
Најдобар кај Оклахома беше Шеј Гилџес-Александар со 31 поен, осум асистенции и четири скока, а потоа следуваа Џејлен Вилијамс со 26 поени и Чет Холмгрен со 24 поени. Кај Мемфис, Скоти Пипен со 28 и Џарен Џексон со 22 поени беа подобри од другите.
Четвртиот натпревар се игра во сабота, а домаќин е Мемфис.
Њујорк Никс веднаш го вратија „брејкот“ и победија со 118-116 против Детроит, за да поведат со 2-1 во првото коло на Истокот.
Ударниот тандем на Никсите, Таунс-Бренсон, ја понесе оваа победа на свој грб. Карл-Ентони Таунс доминираше на почетокот, а Џејлен Брансон на крајот од натпреварот.
Таунс постигна 11 од своите 31 поен во првата четвртина, а Бренсон постигна 12 од своите 30 во финалната четвртина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА