ЛA Клиперс славеа против Јута Џез по продолжение, со 120-116, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Норман Пауел со 41 поен, Харден забележа 32 поени, 10 скока и седум асистенции. Најдобри играчи кај Јута, пак, беа Кајл Филиповски со 20 поени и 10 скока и Лаури Марканен со 20 поени и шест скока.
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ, кој сега беше трејдуван во ЛА Клиперс, го започна натпреварот од клупата за резерви, а на теренот мина 23 минути, со слаби проценти на шут. Постигна седум поени (3/10 од поле, 1/6 за три), а имаше и три украдени топки, две асистенции и еден скок.
Клиперси имаат скор од 31-23, додека Јута е претпоследна на Западот со учинок 13-41.
РЕЗУЛТАТИ – НБА
Хјустон – Голден стејт 98-105
Њу Орлеанс – Сакраменто 140-133 (пр)
Далас – Мајами 118-113
Минесота – Оклахома 116-101
Јута – ЛА Клиперс 116-120 (пр)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

