Клиперси му врачија отказ на Ајзеа Томас, по само три дена од потпишувањето договор

ЛА Клиперс му врачија отказ на Ајзеа Томас само неколку дена откако 31-годишниот кошаркар пристигна во клубот.

Томас беше дел од „трејдот“ меѓу Вашингтон, Њујорк и ЛА Клиперс, но очигледно не се вклопи во плановите на Док Риверс. Претседателот за кошаркарски операции во редовите на Клиперс, Лоренс Франк соопшти дека Томас може да си бара нов клуб само три дена по доаѓањето.

31-годишниот Томас во досегашниот дел од сезоната имаше ефект од 12,2 поени по натпревар. Во кариерата зад себе има повеќе од 500 НБА натпревари во просек бележејќи 18,1 поени.

Се вчитува...