Лос Анџелес Клиперс го совлада Кливленд Кавалирс со 132-119 во НБА лигата. Клиперси ја забележаа четвртата последователна победа и 39-та во НБА сезоната досега, додека Кливленд го забележа само 12-от пораз и втор во низа. Кавалирс и понатаму се први во поредокот на Источната конференција.
Најефикасен во победничкиот тим беше Кави Ленард со 33 поени, седум скока и четири асистенции, а забележителна улога имаше и Ивица Зубац со дабл-дабл учинок Хрватот забележа 28 поени и 20 скока, а подели и една асистенција на натпреварот. Џејмс Харден додаде 22 поени, девет асистенции и четири скока.
Кливленд подобро го отвори мечот создавајќи водство кое го одржуваше до средината на втората четвртина кога Клиперси израмнија и двапати поведоа со еден поен – 52:51 и 54:53.
Сепак, гостите брзо се консолидираа и повторно го презедоа водството кое го држеа до средината на третата четвртина, по што продолжи борбата за Победа.
Сепак, во решавачкиот дел од играта Клиперси беа поорганизирани и не му дозволија на ривалот да внесе неизвесност во натпреварот, мирно го приведоа до крај, а добрата партија ја крунисаа со победа.
Макс Штрус го предводеше Кливленд со 24 поени, четири скока и една асистенција.
Голден Стејт на крилата на Џими Батлер, запиша победа против Милвоки со 104-93. Победникот беше решен во последната четвртина, откако Милвоки влезе со поен предност во последниот период, но расположениот Голден Стејт успеа да направи пресврт, и да слави во дуелот.
Батлер постигна 24 поени, додека кај поразениот тим најефикасен беше Адетокунбо со 20 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Атланта 102:134
Бостон – Бруклин 104:96
Голден Стејт – Милвоки 104:93
ЛА Клиперс – Кливленд 132:119
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА