Шкендија утре од 18:45 часот, во 2. коло од Лигата на Конференции на УЕФА, на националната арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Шелбурн од Република Ирска.
Тетовските „црвено-црни“ веруваат дека може да дојдат до првите бодови во групната фаза од ова натпреварување, по поразот во првото коло на гостувањето од шпански Рајо Ваљекано.
Албанскиот репрезентативец во редовите на Шкендија, Клисман Цаке верува дека тимот може да дојде и до победа против ирски Шелбурн.
„Секако ова веќе е историски момент за Шкендија и со нетрпение го чекаме. Очекувам поддршка од трибините, а ние покажавме дека сезонава во Европа играме добро, бележиме добри резултати и утре одиме по трите бода“ – рече Цаке на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:
„Мотив плус за мене е што бев повикан и во репрезентацијата на Албанија, а тоа го заслужив со добрите игри во Шкендија и тоа дополнителен мотив да продолжам со такви игри и сега во црвено-црниот дрес на радост на нашите навивачи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

