Клисман Цаке: Ја заслуживме оваа победа, но не треба некаква еуфорија

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Клисман Цаке е секако задоволен од победата (1-0) над романскиот шампион ФЦСБ во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион синоќа во Скопје дојде до заслужена победа која треба да претставува силен мотив и за реваншот за седум дена во Букурешт.

„Ја заслуживме оваа победа која дојде по една дисциплинирана игра, со цврста одбрана и навистина квалитетен напад во второто полувреме кога постигнавме и еден убав погодок“ – истакна Цаке по синоќешниот дуел, притоа дополнувајќи:

„Но, секако мора да останеме цврсто на земја, без еуфорија, затоа што ни следат уште 90 минути. Јасно е дека во Букурешт ќе биде далеку потешко, но мора да собереме сили за нов успех. Мотивација секако постои и верувам дека ќе бидеме максимално подготвени за се што не чека на реваншот“.

Се вчитува...