Клисман Цаке започнува нова авантура во Русија, откако официјално се пресели во Ахмат Грозни, потврдија од македонскиот прволигаш Шкендија.
Шкендија и дефанзивецот Клисман Цаке ја завршија својата четиригодишна соработка, откако рускиот клуб Ахмат Грозни ја активираше клаузулата за ослободување на фудбалерот на тетовци од кој ќе заработат 400.000 евра.
„Во однос на желбата на играчот да го направи следниот чекор во својата кариера и да проба нов меѓународен предизвик, Шкендија одлучи да соработува во реализацијата на овој трансфер, имајќи финансиска компензација. По шампионската титула, минатото лето тој беше слободен агент и имаше можност да замине без никаква корист за клубот, но одлучи да го обнови за уште една сезона, давајќи значаен придонес во историскиот европски успех на Шкендија. Денеска, тој заминува, носејќи корист за клубот што му даде простор и доверба“, стои во соопштението на Шкендија.
Цаке се приклучи на Шкендија во јануари 2022 година и четири години и пет нецелосни сезони беше неразделен дел од тимот на тетовци. Во овој период, тој ја освои шампионската титула и запиша 133 официјални настапи (106 во првенството, 3 во Купот и 24 на европската сцена), постигнувајќи 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

