Клисман Цаке од Шкендија доби повик од Силвињо да дебитира за Албанија

Фудбалерот на Шкендија, Клисман Цаке, доби повик и ќе има можност да дебитира за репрезентацијата на Албанија. Албанскиот национален тим игра против Србија на гости во квалификациите, а потоа следува и пријателски меч против Јордан во Тирана.

Цаке за првпат добива повик за селекцијата на својата родна земја. 26-годишниот стопер во минатото имаше настапи за младинските селекции на Албанија.

Поранешниот играч на Струга ТЛ веќе шест години е дел од ПМФЛ. Најпрво во Струга, а од 2022 година е во Шкендија, и со добрите настапи во Лигата на Конференции, му го донесоа посакуваниот повик во националниот тим.

Се вчитува...