Кливленд е тимот што ги запре „грмотевиците“, Денвер победи и без Јокиќ

Кливленд кавалирс уште еднаш покажа зошто е најдобар тим во НБА оваа сезона, триумфирајќи со 129-122 на домашен терен над Оклахома Сити тандер, со што ја запре серијата до 15 победи на „грмотевиците“. За Кливленд ова беше 11. триумф во низа во НБА-лигата, а овој тим останува со убедливо најдобар скор во досегашниот дел од сезоната, 32 побед и само четири порази.

Уште позначајно е да се истакне дека до победата рано утрово стигнаа и покрај очајната шутерска ноќ на главниот поентер Донован Мичел (3/16 шут од поле). Одговорноста ја презедоа Мобли и Ален, кои заедно имаа 46 поени и 22 скокови, а одличен беше и Дариус Гарланд со 18 поеин и 7 асистенции, меѓу нив и поените со кои во самиот финиш беше ставен печат на победата. Гилџус Александер имаше 31 поен за поразениот тим, но одличниот поентер упати дури 27 шутеви од поле, додека Џејлен Вилијамс имаше 25 поени и 9 асистенции за Оклахома Сити.

Денвер лесно го совлада тимот на ЛА Клиперс со 126-103, меч на кој домаќините настапија без Никола Јокиќ во екипата. Колективната игра беше клучен фактор, Мареј ги предводеше стрелците со 21 поен и 9 асистенции, пред Портер и Вестбрук со по 19 поени.

Резултати НБА:

Кливленд – Оклахома Сити 129-122, Индијана – Чикаго 129-113, Филаделфија – Вашингтон 109-103, Бруклин – Детроит 98-113, Њујорк – Торонто 112-98, Њу Орлеанс – Портланд 100-119, Денвер – ЛА Клиперс 126-103, Милвоки – Сан Антонио 121-105.

Се вчитува...