Кливленд го задржува Мобли со договор од 224 милиони долари

Еван Мобли и во следните шест години ќе го носи дресот на Кливленд откако го продолжи договорот со Кавалирс до 2030 година за 224 милиони евра, сума која може и дополнително да се искачи до 269 милиони евра доколку тој избори место во најдобрата петорка на НБА лигата или ја освои наградата за најдобар одбранбен играч следната сезона.

Мобли беше одбран како трет пик на драфтот во 2021 година. Претходната сезона настапи на 50 натпревари забележувајќи 15.7 поени, 9.4 скоков и 1.4 блокови по натпревар.

Се вчитува...