Кливленд и Голден стејт редат победи најавувајќи нова битка за титулата

Кливленд и Голден Стејт стигнаа до нови победа во НБА лигата, активно веќе најавувајќи ги своите амбиции за битка за титулата во најквалитетното светско клупско кошаркарско натпреварување.

Кливленд славеше против Индијана со 132-117, предводен од двоецот Леброн и Ирвинг кои запишаа по 25, односно 29 поени. Кајл Корвер, пак, имаше значајна улога во триумфот постигнувајќи 29 поени. Кај домашните Џеф Тиг мечот го заврши со 22 поени и 14 асистенции.

Голден Стејт победи на домашен терен против Чикаго со 123-92. Клеј Томпсон постигна 28 поени, додека Кевин Дјурант заврши со 22 поени, 10 скока и седум асистенции.

Андре Драмонд доминираше во победата на Детроит против ЛА Лејкерс со ефект од 24 поени и 17 скока, а Минесота на свој терен славеше против Торонто со 112-109, прекинувајќи ја низата од четири едноподруго порази.

НБА – РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Сан Антонио 103-111, Атланта – Денвер 117-106, Бруклин – Вашингтон 110-114, Индијана – Кливленд 117-132, Детриот – ЛА Лејкерс 121-102, Мемфис – Феникс 110-91, Минесота – Торонто 112-109, Њу Орленс – Јута 94-127, Њујорк – ЛА Клиперс 115-119, Голден Стејт 123-92, Сакраменто – Бостон 108-92

Се вчитува...