Кливленд и Сан Антонио лесно ја оправдаа фаворитската улога во пресметките со Индијана, односно Мемфис, па со победи на домашен терен лесно стигнаа до предност од 2-0 во овие плејоф-серии.
Шампионот Кливленд за разлика од првата средба, овојпат не дозволи последниот шут да решава. Индијана повторно покажа карактер, па се врати по негатива од 18 поени, но Кливленд сепак на крајот заслужено славеше со 117-111. Кајри Ирвинг одигра одличен меч со 37 поени, Лав постигна 27 поени, додека Леброн Џејмс реализираше 25 поени, 10 скока, седум асистенции, но и осум загубени топки.
Сан Антонио премногу лесно славеше и на вториот дуел со Мемфис, овојпат со убедливи 96-82. Домаќините го добија првото полувреме со 19 поени разлика, по што немаа проблеми рутински да ја одржуваат убедливата позитива до самиот крај. Леонард беше предводник на спарси со рекордни за него 37 поени на еден плејоф-натпревар, Тони Паркер додаде 15 поени, а најдобар доказ за доминацијата во меѓусебните дуели е фактот дека ова беше десетта плејоф победа во низа за Сан Антонио против тимот на Мемфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА