Кошаркарите на Кливленд кавалирс стигнаа и до 12 победа во низа од стартот на новата сезона во НБА лигата откако славеа на гостувањето кај Чикаго булс со 113-119.
Повторно најдобар поединец во победничкиот табор беше Донован Мичел кој натпреварот го заврши со 36 поени. Кај поразените недоволни беа 26 поени на Зак Лавин.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Сан Антонио – Сакраменто 116-96, Оклахома – ЛА Клиперс 134-128, Њу Орлеанс – Бруклин 105-107 и Хјустон – Вашингтон 107-92.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА