Кошаркарите на Кливленд кавалирс се последните патници во конференциските полуфиналиња во НБА лигата откако вечерва славеа во мајсторката со Орландо меџик на домашен терен со 106-94.
Откако двете екипи си поделија по три победи, предноста на домашниот терен беше клучна за победа во оваа серија на Кливленд. Орландо може да жали за елиминацијата бидејќи во еден момент имаше позитива од 18 поени (31-49). Сепак, домаќините одиграа фуриозно во вториот дел и на крајот успеаја да слават со конечни 106-94. Донован Мичел со 39 поени повторно беше прво име кај Кливленд, додека кај Орландо, Паоло Банкеро заврши со 38 поени.
Во полуфиналето Кливленд за противник ќе го има Бостон селтикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА