Клод Макелеле ќе го предводи Еупен

Француската легенда Клод Макелеле, го презеде кормилото на белгискиот прволигаш Еупен, откако Жорди Кондом го напушти кормилото по 14 кола во домашното првенство.

„Убедени сме дека со Клод Макелеле и неговото искуство како играч, овој клуб ќе ги оствари своите цели во наредните две години“, стови во сооштението на белгискиот клуб.

Екс-фудбалерот на Реал Мадрид,Челси и на ПСЖ, од почетокот на 2017 година му беше помошник на Пол Клемен во Свонси, претходно асистираше во стручниот штаб во ПСЖ, додека прв ангажман како тренер му беше во екипата на Бастија, каде доби отказ по половина сезона.

Еупен по 14 натпревари во Првата лига на Белгија се наоѓа на последното, 16. место на табелата, со само две победи, осум порази и четири реми, со освоени 10 бода.

 

Се вчитува...