Клоп: Ако на Манчестер Сити му одземат титули, јас честам пиво

Јирген Клоп официјално беше претставен како прв човек на глобалниот фудбал во Ред Бул па пред новинарите говореше на повеќе теми, некои поврзани и за неговиот последен ангажман во англискиот фудбал.

Една од темите беше и судската постапка од 115 отружби против Манчестер Сити која може да резултира и со одземени титули на „граѓаните“. Две од нив би му припаднале на Ливерпул, последниот клуб на Германецот. Доколку се случи тоа, како што вели Клоп ќе чести пиво.

„Ако се случи тоа… Веќе им кажав на луѓето кои го сакаат тоа само да резервираат карти за авион. Јас честам пиво. Ќе славиме што и да имаме за славење. Забавата ќе биде кај мене во двор“, вели Клоп.

Се вчитува...