Последните неколку дена отворено се зборува многу за наводните проблеми во соблекувалната на Ливерпул предизвикани од низата лоши резултати. Островските медиуми пишуваат дека некои играчи сериозно размислуваат да го напуштат клубот.
Па, Јирген Клоп се одлучи да ги прокомонтира овие написи, испраќајќи јасна порака до сите фудбалери за кои играњето во Лигата на шампионите е причина да останат во Ливерпул.
„Јас ги разбирам и почитувам сите проблеми од тој вид, но не се грижам за тоа. Никогаш не моравме да се грижиме за тоа, па затоа не мора ниту сега. Знам дека имам лојални играчи, сигурен сум дека никој нема да дојде и да ми каже дека заминува ако не играме следната сезона во Лигата на шампиони. Верувам дека тоа нема да се случи. Постојано го велам истото. Ако на некого останувањето во Ливерпул му зависи од Лигата на шампионите, јас тогаш воопшто не го сакам во клубот“, вели Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

