Клоп: Ако станам селектор на Англија би бил најголем лицемер во историјата

Јирген Клоп нема намера да го менува планот да одмори најмалку една година од фудбалот, откако трофејниот стручњак реши да стави крај на успешната авантура на чело на Ливерпул.

Искусниот стручњак е актуелен секогаш кога се бара нов тренер, така неговото име е високо и на листата со желби за нов селектор на Англија, но Клоп останува цврсто на ставот – да одмори од фудбалот.

„Селектор на Англија? Ако донесам таква одлука и решам пак да работам само неколку месеци по она што го соопштив, јас би бил најголем лицемер во историјата. Дали пак ќе бидам тренер? Во моментов мојот одговор е НЕ… но прашајте ме повторно за неколку месеци. Во моментов не разгледувам сериозно ниту една понуда, без разлика од каде ќе пристигне“, јасно порача Клоп.

Се вчитува...