Поранешниот шеф на скаутинг-одделот на Ливерпул, Иан Греам, изјави дека Јирген Клоп не сакал тимот да го ангажира Мохамед Салах во 2017 година, бидејќи тој претпочитал друг играч – Јулијан Брант кој сега игра во Борусија Дортмунд.
Истата информција ја сподели и легендата ма клубот, Џејми Карагер.
Слах пристигна во Ливерпул, и стана легенда, а со клубот ги освои сите можни трофеи, и сега клубот се бори да го продолжи неговиот договор.
„Јирген инсистираше да го купиме Брант, кој беше прекрасен играч. Самиот Клоп го познаваше многу добро бидејќи дојде од Бундеслигата и беше свесен за пазарот во Германија. Се согласивме дека Брант е импресивен талент, но не го гледавме како подобра опција од Салах. Нашата анализа покажа дека Мо беше најсилното крило во Европа, и знаевме дека може многу да ни помогне“, рече Греам во документарецот на Би-Би-Си за победата на Ливерпул во Лигата на шампионите во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА