Клоп чека на Милан: Ливерпул испрати понуда за Кеси

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој и двете страни се далеку од договор. Кеси влезе во последната година од договорот, па сега се чека конечната одлука за расплатетот на неговата иднина.

Факт е дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката, па ваквата ситуација ќе се обиде Ливерпул да ја искористи.„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.

За Кеси интерес покажуваат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат без обештетување по завршување на сезоната. Италијанските медиуми пренесуваат дека најконкретен интерес покажува Ливерпул кој е спремен да му понуди 10 милиони евра по сезона на Кеси.

Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Кеси иделано ќе се вклопи во неговиот тим и ќе му донесе поголема стабилност.

Се вчитува...