Клоп: Челси е мојот фаворит за титулата

Јирген Клоп се обидува да го тргне притисокот од Ливерпул во трката за шампионската титула, па стратегот на „црвените“ го именуваше Челси како главен фаворит за трофејот. Лондонскиот клуб по синоќешниот триумф над Лидс се искачи на првото место на табелата во пресрет на денешните дуели на Тотенхем (со Арсенал) и на Ливерпул (со Вулвс), а Клоп смета дека „сините“ го имаат она што е потребно за да ја завршат сезоната на самиот врв.

Ливерпул ја освои првата шампионска титула по пауза од 30 години, а јасно е дека германскиот стратег не сака да се создава притисок иако неговиот тим е сериозен кандидат за одбрана на трофејот.

„Челси е мојот фаворит за титулата. Врз основа на она што го гледам, имаат огромен ростер, одлични фудбалери кои влегоа во вистински ритам по слабиот старт. Она што ме импресионира е можноста да ја менуваат сопствената игра од меч во меч, во зависност од противникот. Тоа е она вистинското“, истакна Клоп.

Се вчитува...