Клоп: Делува дека немаше пенал за Арсенал

Арсенал вчера на свој терен на „Емирати“ успеа да го совлада составот на Ливерпул со 3-2, и да ја продолжи добрата серија во Премиерлигата. Топџиите со тоа ја истакнаа својата цел да се борат за титулата во Англија.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потенцираше дека пеналот на Арсенал е сомнителен.

„Креиравме шанси, бевме опасни, но мора подобро. Мислам дека мораме да ја подобриме самодовербата. Не бевме најдобри. Некои работи беа против нас на натпреварот, правевме грешки кои беа искористени од Арсенал. Кога ја видов ситуацијата за пеналот, може да се каже дека не е чист пенал“, рече Клоп.

Се вчитува...