Клоп: Дијаз е сегашност и иднина на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп говореше за последната аквизиција на „црвените“ Луис Дијаз. Луиз Дијаз на „Енфилд роуд“ стигна од таборот на португалскиот Порто чиј член беше од 2019 година.

Германскиот стручњак не го крие задоволството од овој реализиран трансфер, потенцирајќи дека очекува добри игри од Дијаз во наредниот период.

„Добивме феноменален фудбалер. Неговите способности многу ќе ни помогнат во борбата на сите фронтови. Се уште не одработи ниту еден тренинг, немаме ни разговарано, но многу добро сум запознаен со неговите квалитети. Нормално дека ќе бидеме трпеливи со него. Нема никаков притисок, бидејќи Дијаз е сегашност и иднина на клубот“, изјави Клоп. 

Дијаз во Ливерпул стигна за сума од почетни 45 милиони евра, што може да порасне во зависност од исполнетите клаузули во договорот меѓу двата клуба.

Се вчитува...